ЕФЕКТИ ОД АКУПУНКТУРА
Акупунктурата е заснована на приципот дека доброто здравје зависи од правилниот проток на виталната енергија ЧИ. Со стимулација на специфични точки на телото доаѓа до полнење на животна енергија и до правилен баланс.
Мигун ја патентираше технологијата, комбинација од гасни хелиумски сијалици и жад масажни глави формирајќи долги инфрацрвени зраци кои симулираат акупунктурни бодења на специфични точки, навлегувајќи и до 7 см во телото,делувајќи до ниво на клетка. При тоа се ослободуваат и негативни јони кои го зголемуваат нивото на среќниот хормон сератонин, а воедно ги неутрализираат штетните електромагнетни зрачења.
ЕФЕКТИ ОД МОКСИБУСТИАЦИЈА
Моксибустиација е источен медицински третман каде што топлината се внесува на специфични акупунктурни точки. Мигун со подобрениот топлотен третман ја стимулира и подобрува циркулацијата на крвта и еластичноста на меките ткива. Исто така ја поттикнува ефикасноста на ткивните келии , потикнувајќи мускулна релаксација, и детоксикација.
ЕФЕКТИ ОД АКУПРЕСУРА
Притисок со прсти применети на специфични точки кои привремено ја блокираат ЧИ енергијата и ја праќаат по правилен пат, испирајќи ги токсините настанати за време на дисбалансот на организмот.
Мигун ја користи телесната тежина која е идеална за секој поединец, за постигнување на истиот ефект.
ЕФЕКТИ ОД ИНФРАЦРВЕНИ ЗРАЦИ
Со користење на хелиумови светлечки сијалици и нефрит –Жадови масажни глави кои произведуваат топлина, инфрацрвените зраци делуваат поинтензивно отколку кај други методи.
Жад сосема природно ги емитува инфрацрвените зраци кои имаат позитивни ефекти по човековото тело.
Ваквата уникатна комбинација овозможува далеку поинтензивно делување на инфрацрвените зраци од било која метода денес. Жад масажните глави ефикасно ќе ја намалат и отстранат мускулната напнатост во грбот. Смирувачката топлина на Мигун ја дарува потребната релаксација.
Здравствени бенефити од терапшија со долги инфрацрвени зраци
Во изминатата четврина од веков, Јапонските и Кинезките истражувања покажале безбројни позитивни резултати од користење на инфрацрвените зраци за медицински цели.
Редукција на стрес
Стресот е најголемиот фактор за уништување на здравјето и добросостојба на организмот. Најдобра метода за редукција на стесот е топлотна терапија со инфрацрвени зраци пред се за едноставна релаксација и отстранување на тензиите настанати во текот на денот.Долгите инфрацрвени зраци ги поттикнуваат мускулите на релаксација и ја зголемуваат циркулацијата. Уште во првите минути се чувствувате обновени и освежени.
Детоксикација
Секојдневно сме изложени на илјадници хемикалии во воздухот, водата, средствата за чистење, пластиката имногу други продукти кои ги користиме во нашето живеење секојдневно. Ги апсорбираме преку дишењето, јадењето, или преку кожата и ги носиме во нашиот организам. Телото ги елиминира повеќето токсини преку потењето. Долгите инфрацрвени зраци значително го затоплуваат телото предизвикувајќи значително потење што го забрзува природниот процес на детоксикацијата на телото.
Справување со болка
Мускулната релаксација зависи од тоа колку ткивото е затоплено. Топлината навлегува во кожата, мускулите и зглобовите дури до 7cm.со што ја подобрува циркулацијата хранејќи го телото со кислород го потикнува на самоизлекување. Во многу европски земји, долгите инфрацрвени зраци се користат за третирање на различни форми на атритис. Во Јапонија, долгите инфрацрвени зраци се користат за терапија за отстранување на болка на оние кои патат од болки во грбот, ревматозен артритис, главоболка,спондилоза, ишијалгија, дикопатија, и многу други мускулно – скелетни заболувања.
Намалување на телесна тежина
Како што телото се загрева, се зголемува работата на срцето и метаболизмот како би се постигнало ладење на истото. Во тој процес се согоруваат повеќе калории на нај природен начин.
ЕФЕКТИ ОД ЖАД КАМЕН ( NEFRITA-полудраг камен)
На далечниот исток Жад каменот е исклучително ценет полудраг камен.
Векови наназад се верува дека Жад каменот ослободува од стрес и помага во детоксикација, го зголемува имунитетот и го забавува процесот на стареење.
Жад каменот е најдобар трансмитер на инфрацрвените зраци со висок степен на продукција.
Поради наведеното, Мигун ги користи масажните глави од Жад во сите свои производи. Жад (NEFRIT) кои ги користи Мигун се произведува исклучително во сопствено производство во Јужна Кореја.
МАСАЖА
Масажата е добро позната од сите медицински практиканти за да се олесни хроничната мускулна болка, брзо закрепнување од повреди, подобрување на сонот и концентрацијата, и чуство на благосостојбa