Масажи

Основна масажа – 34 мин.

 

Основна масажа која овозможува термално масажен третман, акупресура на ‘рбет и долж екстремитети стимулирајќи ги виталните акупунктурни точки. Благо масирање на мускулите и тетивите околу ‘рбетниот столб, потикнувајќи ја циркулацијата. Антидепресивна, релаксациона масажа. Се препорачува кај оние кои не сакаат брза и јака масажа и кај особи кои имаат остеопениjа и потешки дегенеративни промени на рбет

Составен дел на масажните глави е жадов камен со хелиум кој помага во детоксикација на и зголемување на нивото на калциум и магнезиум во организмот.

 

 

Цервикална масажа – 29 мин.

 

Цервикална-лумбална масажа која овозможува   термално масажен третман главно фокусиран на вратниот и лумбалниот дел од телото и долните екстремитети,опуштајќи ја мускулатурата. Се препорачува кај особи кои  имаат цервикален и лумбален синдром.

 

 

 

 

Лумбална масажа – 28 мин.

 

Лумбална масажа која овозможува термално масажен третман фокусиран на лумбалниот дел  воедно масирајќи ги и вратниот и торакалниот дел од ‘рбетот и нозете. Поагресивна масажа која се препорачува кај особи кои имаат лумбални потешкотии и лумбоишијалгија.

 

 

Акупресура – Притисок со прсти – 24 мин.

 

Позната како истегнувачка масажа која со термално масажниот третман по должина на целиот  ‘рбет ги третира главните акупунктурни точки, а се препорачува за почеток на терапија и кај постари особи и адолесценти за спречување на деформитети.

 

 

Масажа на Абдомен – 16 мин.

 

Абдоменална масажа. Се препорачува на оние кои имаат зголемена телесна тежина и за зацврстување на мускулатурата. Го потикнува метаболизмот и циркулацијата.

 

 

Општа масажа – 14 мин.

 

Побрза и појака масажа на целиот ‘рбет и нозете. Термално – акупресурен ефект со киропрактика на ‘рбет затоа што ги истегнува тетивите и мускулите околу ‘рбетот и ја зголемува неговата подвижност. Со масажата се стимулираат виталните акупунктурни  точки околу ‘рбетот. Се препорачува кај млади и здрави особи, физички активни, за зајакнување на мускулатурата на грбот. Ја враќа физиолошката состојба на ‘рбетот.